8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во руски напад беше погодена зградата на регионалната влада во Миколајев

Рускиот напад ја погоди зградата на регионалната влада во јужниот украински град Миколаив, клучен пристанишен град кој со недели е под силен напад, изјави во вторникот регионалниот гувернер.

– Удрена е зградата на регионалната администрација – напиша на Фејсбук гувернерот Виталиј Ким.

Тој рече дека повеќето од луѓето во зградата „за чудо избегале“, но се трага по неколку цивили и војници.