11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Украина најави продолжување на евакуацијата по руските „провокации“

Украина денеска соопшти дека повторно ги отвора хуманитарните коридори и ги евакуира цивилите од областите зафатени од војна по еднодневната пауза поради, како што Киев ги нарече можни руски „провокации“.

– За денеска се договорени три хуманитарни коридори – изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук во видео изјава објавена на Телеграм.

Таа го објави ова еден ден откако го објави нивното затворање, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.