13.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Руски и украински преговарачи почнаа преговори во Истанбул: Цел свет чека добри вести

Руските и украинските преговарачи денеска започнаа разговори лице в лице во Истанбул, јави официјалната турска новинска агенција, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика да „да стават крај на оваа трагедија“.

Разговорите лице в лице во палатата Долмабахче во Истанбул имаат за цел обид да се стави крај на војната во која се проценува дека се убиени околу 20.000 луѓе, а повеќе од 10 милиони протерани од нивните домови.

– Двете страни имаат легитимна загриженост. Можно е да се постигне решение прифатливо за меѓународната заедница, рече Ердоган.

– На овие две страни е да се стави крај на оваа трагедија – инсистираше тој, додавајќи дека „продолжувањето на конфликтот не е во ничиј интерес“.

Тој додаде дека целиот свет чека добри вести од нив.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во вторник требаше да се сретне и со украинската и руската делегација.