17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Озлогласена група руски платеници Вагнер распоредена во источна Украина

Приватната руска воена група „Вагнер“ е распоредена во источна Украина. Тие би можеле да распоредат повеќе од илјада платеници, објави британското Министерство за одбрана на Твитер.

Платеници на озлогласената руска група „Вагнер“ се распоредени во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана, проценувајќи дека во земјата би можеле да бидат распоредени околу 1.000 борци на таа паравоена група.

– Приватната руска воена група Вагнер е распоредена во источна Украина. Тие би можеле да распоредат повеќе од илјада платеници – објави Министерството на Твитер.

Групата Вагнер, за која се верува дека е блиска до претседателот Владимир Путин, веќе дејствувала во Мали, Либија и Сирија, пренесува France Presse.

„Поради големите загуби и главно блокираниот напредок во инвазијата (на Украина), Русија веројатно беше принудена да го прераспореди персоналот на Вагнер во Украина на сметка на операциите во Африка и Сирија“, рече Лондон.

*фото илустрација

Спонзорирано: