20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Градоначалникот на Мариупол: Околу 160.000 цивили сакаат да го напуштат градот

Градоначалникот на украинскиот град Мариупол, Вадим Бојченко изјавил дека околу 160.000 луѓе сакаат да го напуштат градот кој е под опсада на руската армија, пренесува Анадолија.

– За жал, во градот Мариупол се уште има голем број луѓе. Бројката е поголема од 100.000. Според нашите проценки, околу 160.000 цивили се во опколениот град Мариупол, изјави Бојченко за националната телевизија.

Истакнувајќи дека сега е невозможно да се остане и живее во Мариупол, во градот нема струја, греење, вода и телефон, Бојченко го опиша како „геноцид на руската армија врз граѓаните на Мариупол“.

Бојченко истакна дека Русија, иако вети дека ќе отвори хуманитарен коридор, всушност тоа го спречи.