Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

Хајнекен губи 400 милиони евра со повлекување од Русија, најде решение за 1.800 вработени

Холандскиот производител на пиво Heineken денеска објави дека се повлекува од Русија поради војната на Москва против Украина, наведувајќи дека бизнисот во сегашното опкружување повеќе не е одржлив или возможен.

Во соопштението се вели дека компанијата бара соодветен начин да го пренесе бизнисот на нов сопственик во согласност со меѓународните и локалните закони.

Беше наведено и што ќе биде со 1.800-те работници вработени во холандскиот гигант. Heineken ќе продолжи да ги плаќа до крајот на годината, а компанијата изјави дека нема да профитира од продажбата на работни места во Русија во вредност од 400.000.000 евра.

Хајнекен денеска изјави дека се уште „се надева дека во блиска иднина ќе се најде пат кон мирно решение“.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +