33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Воен аналитичар: Русите треба да одлучат како понатаму, бидејќи ова сега нема да ги однесе никаде

Првичната стратегија на Русија во Украина не успеа и нејзината војска сега мора да одлучи што да прави понатаму, изјави висок воен аналитичар за Би-Би-Си.

Филипс О’Брајан, професор по стратешки студии на Универзитетот Сент Ендрјус, рече дека многу странски набљудувачи тргнале по „полесниот пат“ со претпоставката дека руската воена супериорност ќе надвладее во војната. Сепак, тоа било погрешно, бидејќи тие не го зеле в предвид прашањето дали руските војници се подготвени да ризикуваат, рече тој. Во исто време, капацитетите на Украина биле потценети, додаде.

Украинците се подготвуваат за војна од руската анексија на Крим во 2014 година и не сакаат да живеат под руска диктатура, рече професорот О’Брајан.

„Сега Русија треба да одлучи што да прави: тие можат или да ескалираат или да деескалираат“, додаде тој.

Според него, најрационалната насока на дејствување би вклучувала обид за постигнување договор, но се чини дека тие не се подготвени да го направат тоа сега, рече тој.

Деескалацијата би значела или обнова на војската од нула или отворање на Пандорината кутија со прибегнување кон хемиско, биолошко или нуклеарно оружје.