Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски на припадниците на исламската вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

Упатувам честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за среќа, здравје и благосостојба во вашите домови, да ви бидат прифатени сите молитви, особено по завршувањето на аџилакот во Мека кој е традиција за голем број верници.

Нашата определба е за соживот и кон развој на нашиот концепт Едно општество за сите, со еднакви можности за сите и со почит кон културните, верските и етничките разлики кои ја создаваат мултиетничка Македонија.

Во традицијата на меѓусебна почит и разбирање, посакувам за сите верници празничните денови да бидат исполнети со радост и духовен мир. Нека ве следат успеси во сите ваши дела на солидарност!

За многу години Курбан Бајрам!

Можеби ќе ве интересира

# 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК