18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

НАТО: Путин веднаш да ја прекине војната, Белорусија и Кина да не ја поддржуваат

Лидерите на земјите членки на НАТО од самитот во Брисел денеска остро ја осудија руската инвазија на Украина, го повикаа претседателот Владимир Путин веднаш да ја прекине војната, која ја оценија како „стратешка грешка со големи последици за рускиот народ“, а Белорусија и Кина да престане да ги поддржува воените активности на Москва.

„Рускиот напад врз Украина ја загрозува глобалната безбедност. Нејзиниот напад врз меѓународните норми го прави светот помалку безбеден. Ескалирачката реторика на претседателот Путин е неодговорна и дестабилизирачка“, се вели во изјавата на лидерот на НАТО.

Во текстот на завршната декларација, членките на НАТО велат дека ќе работат со остатокот од меѓународната заедница за да ги пронајдат одговорните за кршење на хуманитарното и меѓународното право, вклучително и воените злосторства во Украина.