10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бајден ги откри плановите: НАТО формира четири нови борбени групи

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека НАТО се согласил да формира четири нови борбени групи во Словачка, Романија, Бугарија и во Унгарија.

Во изјавата по самитот на лидерите на НАТО, Бајден рече дека формирањето нови борбени групи „е силен сигнал дека колективно ќе ја браниме и заштитиме секоја педа од територијата на НАТО“, пишува „Гардијан“.

„Од сега до самитот на НАТО во јуни ќе развиеме планови за дополнителни сили и способности за зајакнување на одбраната на НАТО“, рече Бајден на самитот.

Бајден рече дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата влада со „значителна и зголемена количина безбедносна помош во борбата против руската агресија и зачувувањето на нивното право на самоодбрана“.

Спонзорирано: