25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Руските сили спречија евакуација од Мариупол

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека руските сили спречиле цивили да го напуштат градот Мариупол, иако украинските власти подготвиле 40 автобуси за нивна евакуација.

Според Ројтерс, Верешчук не прецизирала како руските сили го спречиле народот да си замине.

Украина и Русија постојано се обвинуваат меѓусебно дека не ги почитуваат привремените договори за прекин на огнот за да им се овозможи на цивилите безбедно да го напуштат градот.