15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа.

„За руските војници, Украина е порта кон Европа, во која сакаат да пробијат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, рече Зеленски во видео-врска до италијанските пратеници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре преку видеоврска ќе им се обрати на пратениците во јапонскиот парламент и ќе побара поддршка во борбата против Русија.