15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кога користам британско оружје ќе викам „Боже, чувај ја кралицата“, вели украински војник

Украинскиот командант Валериј Курко изјави дека кога ќе употребува противтенковско оружје кое Украина го добила како помош од Велика Британија, ќе вика: „Боже, чувај ја кралицата“ (God save the Queen).

„Ако имам можност да го притиснам копчето, ќе викнам: ‘Боже, чувај ја кралицата’“, изјави 51-годишниот командант, цитиран од британски „Сан“.

Во случај Белорусија да влезе во војна од север или руските сили од запад, тие ќе наидат на единицата на Курко со седиште во Лавов. Курко е командант на 103-та бригада за територијална одбрана.

Минатата недела руските сили ракетираа база за обука западно од Лавов, при што загинаа 35 луѓе. Оттогаш, сè повеќе жители на Лавов се обидуваат да дојдат до оружје за да можат да се одбранат себеси и својата земја.

На улиците во градот има сè повеќе вооружени војници, а граѓаните се мобилизираат.

Тарас Маселко (36) во уметнички простор на новинарите им покажал 2.000 молотови коктели направени за 103-та бригада.

„Овде обично одржуваме фестивали, а таму има градинка, но сега правиме воено оружје. Молотовите коктели, ако со нив го погодите вистинското место, можат да запрат тенк“, објаснува Маселко.