13.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ТЕМАСВЕТ

Руски таблоид по грешка објави број на загинати руски војници во Украина

„Комсомолскаја правда“ ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина и тврди дека е хакирана нејзината интернет-страница.

Според последните официјални информации објавени од Русија, до 2 март во Украина загинале 498 руски војници.

Но, „Комсомолскаја правда“, таблоид од Москва што се поврзува со Кремљ, претходно објави информација дека во руската инвазија на Украина загинале 9.861руски војник, а 16.153 биле повредени.

Не требаше многу време за информацијата да се прошири на Твитер, а ниту пак требаше многу време да исчезне тој дел од текстот.

Овој таблоид се повикал на руското Министерство за одбрана и покрај тоа што, Министерството не објавило такви податоци.

Московскиот таблоид поврзан со Кремљ истакна дека веста е повлечена бидејќи не е точна.

Киев тврди дека се убиени повеќе од 15.000 руски војници.