26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Оружје скриено во сандаци за хуманитарна помoш

Работниците на цивилниот аеродром „Галилео Галилеј“ во Пиза нѐ информираа за многу сериозна работа: „Хуманитарните карго-летови од цивилниот аеродром треба да се полнат со производи за измаченото украинско население. Но, тоа не е така“, велат од синдикатот во Ливорн.

Според сведочењето на работниците распоредени на товарењето, кога се нашле под авионот, пронашле кутии полни со разни видови оружје, муниција и експлозиви.

„Страшно изненадување, што ја потврдува воената клима во која нѐ вовлекува нашата влада. Соочени со овој многу сериозен факт, работниците одбија да товарат“, велат од синдикатот.

Станува збор за авиони што првин слетуваат во базите на САД/НАТО во Полска, а потоа се испраќаат во Украина.

„Силно ја осудуваме оваа цинична употреба на хуманитарна помош за поттикнување на војната во Украина“, се вели во соопштението на синдикатот.

Тие ги повикуваат работниците да „одбијат да наполнат оружје и експлозиви што ја поддржуваат спиралата на војната што може да се запре само со итен прекин на огнот и продолжување на мировните преговори“, пренесуваат агенциите.

На крајот, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат на демонстрациите што ќе се одржат в сабота, на 19 март, пред аеродромот „Галилео Галилеј“.

„Мостови на мирот треба да доаѓаат од Тоскана, а не воени летови“, велат од синдикатот.