Centar.mk
БИЗНИС

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин поради штрајк

Штрајкот на железничарите продолжи и денеска.

Штрајкот почна вчера од страна на машиновозачите и помошник-машиновозачите во „ЖРСМ – Транспорт“ АД Скопје.

Со тоа, како што беше соопштено, не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.

Машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“ бара исплата на материјалните трошоци и на првиот дел од платата за февруари.

Вчера, раководството на „Железници“ реагира дека штрајкот на машинскиот персонал не бил писмено најавен и е незаконски.

Тие наведоа дека редовно им ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци во однос на користење на електричната енергија и нафтата, што енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Раководството наведе дека „Железници на Република Северна Македонија“ на вработените им ја има во целост исплатено платата за јануари 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 433 денари

ДЕСК

Дали 26.000 денари минимална плата се доволни за живот?

ДЕСК