Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Фатен скопјанец баран за доиздржување 6 години затвор

Полицијата го приведе Е. К. (37) од Скопје, кого го барале по две централни потерници – од Казнено-поправната установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци.

Тој бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за насилство, разбојничка кражба и тешка кражба, како и од Основниот суд Скопје 1 Скопје за истрага за тешки дела против општата сигурност.

При преглед кај него и претрес во домот во кој престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК