14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гутереш: Зголемена е опасноста од нуклеарен конфликт

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека неодамнешното зголемување на нивото на подготвеност на нуклеарните сили во Русија ја зголемило опасноста од нуклеарен конфликт.

Тој рече дека ова е развој на настани што ја замрзнува крвта во вените и дека она што некогаш било незамисливо се вратило на возможното.

Гутереш најави дека Обединетите нации ќе одвојат дополнителни 40 милиони долари за зголемување на хуманитарната помош за Украина, пренесе Би-би-си.

Говорејќи во Њујорк, тој рече дека средствата ќе помогнат да се испорачаат критичните резерви на храна, вода, лекови и други витални резерви во земјата, како и да се обезбеди финансиска помош за оние на кои им е потребна.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека понатамошната ескалација на конфликтот во Украина, без разлика дали е случајна или намерна, му се заканува на целото човештво.

Гутереш повика и на итен прекин на непријателствата и сериозни преговори врз основа на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право.

Спонзорирано: