22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хорор во Пакистан – ја убил новородената ќерка затоа што сакал син, бебето имало само 7 дена

Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека ја убил својата ќерка која имала само седум дена затоа што сакале прво да добијат син.

Бебето, наречено Џанат, што на урду значи рај, било убиено кога во неа биле испукани неколку истрели, соопшти полицијата во централниот град Мјанвали.

Во некои делови од земјата, пакистанските племенски обичаи сугерираат дека женските деца се навреда за мажественоста.

Групите за човекови права велат дека девојките и жените често се соочуваат со насилство во Пакистан од различни причини.

Спонзорирано: