22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Moжеме и сами да правиме плескавици – Медведев за заминувањето на „Мекдоналдс“ од Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и кифлички.

Тој додаде дека истото би можеле да го направат и бизнисмените кои се санкционирани од западните земји, пренесува РИА Новости.

Плескавиците и кифличките со одличен квалитет можеме сами да ги правиме. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции.

Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински, на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени.

„Мекдоналдс“ е една од низата светски компании кои престанаа да работат во Русија по почетокот на воената операција во Украина.

Спонзорирано: