11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Италија заплени јахти на руски олигарси

Италијанската влада во саботата објави дека вредноста на досега замрзнатиот имот на руските олигарси во Италија е околу 140 милиони евра, вклучувајќи ги и запленетите јахти.

Најзначајно е запленувањето на јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, во сопственост на Алексеј Мордашов, руски олигарх близок до Владимир Путин, кој е цел на санкциите на Европската унија откако Москва ја нападна Украина.

Друга јахта Лена, вредна околу 50 милиони евра, е во сопственост на Генадиј Тимсенко, милијардер, ко-основач на трговската компанија Гунвор, која исто така беше запленета во петокот.

Запленет е и имот во вредност од околу 17 милиони евра, сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов. Во соопштението на италијанската влада се наведува дека е запленет и недвижен имот во сопственост на две лица блиски до руските власти, во вкупна вредност од околу 11 милиони евра.