10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва и Киев без клучен напредок во преговорите, договорени се коридори за евакуација

Киев и Москва не постигнаа клучен напредок во вториот круг од преговорите, но се договорија за хуманитарни коридори за евакуација и најавија трета рунда преговори, за кои беше речено дека ќе се одржат што е можно поскоро.

„Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови“, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.

„Втората рунда преговори заврши. За жал, го немаме резултатот што го посакувавме. Успеавме да се договориме за хуманитарен коридор“, објави украинскиот преговарач.

Тој рече и дека Киев не постигнал резултати во текот на преговорите на кои сметала украинската страна. Додаде дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот и евакуацијата на граѓаните.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина и Русија би можеле да најдат излез од војната доколку Кремљ ја третира Украина на рамноправна основа и дојде на преговори со волја да преговара со добра волја.

Спонзорирано: