14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа: Сега не е време за средба меѓу Бајден и Путин

Нема планови и не е време за средба помеѓу претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, истакна портпаролката на Бајден, Џен Псаки.

„Претседателот го кажа тоа многу јасно. Но, ние ќе продолжиме да разговараме и да донесуваме одлуки во зависност од ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

На прашањето што би требало да се случи за Бајден да седне со Путин ако руските сили останат во Украина, таа рече: „Не можам да го проценам тоа… Во моментов тие напаѓаат суверена земја и никогаш нема да кажеме не на дипломатијата, но повторно , сега не е време за тоа“.

Спонзорирано: