10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАСВЕТ

Ќе се врати ли воениот рок во Германија?

Во Германија, како дел од реакциите на војната во Украина, се разви дебата за можното повторно воведување општа воена служба.

„Општата воена служба не би била ограничена само на службата во Бундесверот, туку и во специјалниот сектор и техничката заштита“, изјави Карстен Линеман, потпретседател на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), за весникот „Хамбургер моргенпост“.

Тој смета дека повторното воведување на воената служба ќе ја зајакне издржливоста на општеството во исклучително тешки времиња.

Неговиот партиски колега и поранешен член на претседателството на ЦДУ, Јохан Вадефул, смета дека воениот рок треба да се поврзе со финансиски бенефиции, како што е сметање на времето минато во воена служба во годините на стажот.

„Бундесверот мора повторно да биде повеќе вклучен во општеството“, рече Вадефул.

На повторното воведување на воениот рок, кој беше укинат во 2011 година, се спротивставува министерката за одбрана и политичарка на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Кристин Ламбрехт, која смета дека таквата дебата никому не му користи и дека постојат правни пречки како како промена на Уставот.

Генералот Еберхард Зорн, главен инспектор на Бундестагот, што одговара на позицијата командант на вооружените сили, смета дека воената регрутација не може да одговори на современите одбранбени предизвици.

„За борба во сајбер-просторот, регрутите се целосно несоодветни. Ни требаат добро обучени, високоспецијализирани лица за да одговорат на што е можно поширок опсег на нови предизвици“, рече Зорн.

Тој посочи и дека одлуката за повторно воведување воен рок не може да се донесе бргу.

Спонзорирано: