9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канцеларијата на ОН за човекови права: Убиени 227 цивили

Канцеларијата на ОН за човекови права објави дека во првите пет дена од конфликтот во Украина загинале 227 цивили. Официјални лица велат дека уште 525 цивили биле повредени ширум Украина за време на конфликтот.

„Повеќето од овие жртви беа предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широк дострел, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и повеќенаменски ракетни системи, како и воздушни напади“, се вели во соопштението објавено во Женева.

Организацијата вели дека верува дека вистинскиот биланс на загинати е „значително поголем“, особено на територијата контролирана од владата, поради доцнењето во известувањето.