11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Русија: Исклучувањето на сателитите е причина за војна

Русија ќе го разгледа хакирањето на кој било од нејзините сателити како оправдување за војна, изјави шефот на руската вселенска агенција, два дена откако претставник на НАТО рече дека сајбер напад врз земја-членка може да го покрене член 5, клаузулата за колективна одбрана на членка на НАТО.

Директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, ги демантираше медиумските извештаи дека руските сателитски контролни центри веќе биле хакирани среде руската инвазија на Украина.

„Исклучувањето на сателитите на која било земја е всушност „casus belli“, причина за војната“ , ја пренесува Интерфакс изјавата на Рогозин.

Тој исто така, кажал дека Роскосмос бара гаранции од OneWeb со седиште во Велика Британија дека нивните сателити нема да се користат против Русија.

Без гаранција, додаде Рогозин, Русија ќе го откаже лансирањето на 36 сателити OneWeb од космодромот Бајконур закажано за 4 март.