14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Двајца украински фудбалери загинаа во руската инвазија

Двајца украински фудбалери загинаа во руско-украинската војна, објави во вторникот Светската унија на играчи (ФИФПРО).

„Нашите мисли се со семејствата, пријателите и соиграчите на младите украински фудбалери Виталиј Сапил (21) и Дмитриј Мартиненко (25), првите фудбалски жртви во оваа војна“, објави ФИФПРО на Твитер.

Сапило, поранешен младински играч на клубот Карпати Лавов, загина во конфликт во близина на Киев, потврди неговиот клуб на 26 февруари.

Во меѓувреме, играчот од средниот ред на Гостомел, Дмитро Мартиненко, наводно бил убиен заедно со неговата мајка во нивниот стан кога зградата била бомбардирана од руската армија.