14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Анкара: Можно е преговорите да продолжат за неколку дена

Малку е веројатно дека украинската и руската делегација утре ќе се сретнат на планираните разговори, бидејќи барањата на Москва за запирање на инвазијата се „нереални“, соопштија од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„ Најверојатно нема да се сретнат в среда. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови“, изјави за Си-ен-ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој додаде дека се надева оти рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, препознавајќи ја економската штета што ѝ ја нанесува на Русија.

Зборувајќи за украинските услови за понатамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.