24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Анкара не планира да воведе санкции против Русија

Анкара не планира да воведе санкции кон Москва за да го задржи отворен каналот за комуникација со Русија, изјави советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

„Мораме да направиме нешто, имајќи ги предвид приоритетите на нашата земја. Мора да има актер кој може да разговара со Русија. Кој ќе разговара со Русија ако сите запалат мостови? Ние не планираме да воведуваме санкции за да го оставиме тој канал отворен“, рече Калин за Си-ен-ен турк.