20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски се огласи и испрати порака до руските војници: Оставете го оружјето и спасете ги животите

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се обрати преку Фејсбук и испрати порака до руските војници.

Зеленски ги повика руските војници на украинско тло да го положат оружјето и да пустошат.

– Положете го оружјето. Оставете ја опремата. Бегајте одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не им верувајте на вашите пропагандисти. Спасете си ги животите – рече Зеленски.

Украинскиот лидер имаше порака и за Европската унија.

– Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, посебна процедура. Сигурен сум дека Украина тоа го заслужи и дека тоа е можно – рече Зеленски.

Тој истакна дека украинските власти одлучиле да ги ослободат затворениците со искуство во борба и кои сакаат да се борат.

-Тоа е тешка морална одлука, но неопходна за одбрана на државата.

Во пораката над видеото на својата официјална Фејсбук страница, Зеленски го напиша следново:

– Кога се кандидирав за претседател, реков дека секој од нас е претседател. Затоа што сите сме одговорни за нашата земја. За нашата прекрасна Украина. И сега се случи секој од нас да биде воин. Воин на негово место. И сигурен сум дека секој од нас ќе победи. Слава на Украина!