17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Зеленски ги израдува затворениците: Слободни сте бранете ја татковината!

Украина влезе во петтиот ден од војната откако нивната земја беше нападната од Русија во четвртокот рано наутро.

Војниците испратени од Путин лично извршија офанзива врз градовите низ Украина, а најголемите битки за превласт се уште се водат во главниот град Киев.

Денеска конечно почнаа преговорите кои треба да донесат мир меѓу завојуваните страни, а додека не се воспостави, состојбата на бојното поле е во полн ек.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе ги ослободи затворениците кои имаат искуство во борба и сакаат да се борат против руската инвазија.

„Тоа е тешка морална одлука, но неопходна за одбрана на земјата“, рече Зеленски, додавајќи дека ќе испрати затвореници во областите каде што борбите се најжестоки.

„Одбраната е клучна сега и тогаш е над сè“, додаде тој.

Спонзорирано: