26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Захарова пред само седум дена се мајтапеше и праша – Може ли да го добиеме распоредот за нашите инвазии оваа година, сакам да си го испланирам одморот

Високи руски функционери пред седум дена ги исмеваа западните медиуми, што го објавија 16 февруари како „датум на инвазијата“ кога Русија би можела да ја нападне Украина.

„Би сакала да прашам можат ли американските и британските извори на дезинформации да го објават распоредот на нашите претстојни инвазии за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот“, напиша на социјалните мрежи портпаролката на рускиот министер за надворешни работи, Марија Захарова.

Само седум дена подоцна се покажа дека портпаролката на рускиот министер за надворешни работи си играла мајтап, бидејќи руската војска денес тргна во убиствен поход.