Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

169 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 169 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Стојаноска ја обвини Вреди дека му помогнала на ДУИ

ДЕСК

ТРИЕСЕТ ДЕНА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК – Осомничен дека нападнал дете пред „Јане Сандански“

ДЕСК

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК