26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Американската администрација го протера советникот на руската амбасада

Американската администрација одлучи да го протера советникот на руската амбасада во Вашингтон како одговор на руското протерување на американскиот дипломат во Москва.

Висок претставник на Стејт департментот изјави за новинарите дека со оваа одлука тие одговориле на руското протерување на Барт Горман, заменик-амбасадорот на САД во Москва на почетокот на овој месец.

Тој посочи дека американската администрација ќе го протера советникот на руската амбасада во Вашингтон додавајќи дека оваа одлука не е поврзана со воената операција што Русија ја почна во Украина.