30.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Русија ги признава сепаратистите; Путин: Ситуацијата е критична

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука да ги признае териториите на проруските бунтовници како независни републики, потврди Кремљ.

„Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори“, посочи тој.

Путин го започна својот говор со историски факти, велејќи дека модерна Украина е целосно создадена од Русија, за сметка на отцепување на дел од историските територии на Русија без прашање за руските граѓани.

Тој исто така рече дека Украина не е само „соседна земја“ за Русија, туку и дел од нејзината историја во која живеат нејзините пријатели и блиски луѓе.

„Украина сè уште можеме да ја наречеме Украина на Владимир Илич Ленин. Русија е подготвена да и покаже на Украина што значи вистинска декомунизација“, рече рускиот претседател. Претседателот Путин изјави дека Украина е болшевичка креација. – Треба да разбереме што се случува денес и да ги објасниме целите кои се пред нас, па затоа е важно да се објасни позадината. Украина е руска креација од самиот почеток. За жал, комунистичка Русија, Ленин и неговите другари прилично брутално отцепија од Русија некои историски руски делови, без никој да ги праша Русите за тоа. Во зората на Втората светска војна, Сталин анектираше некои делови и ѝ даде на Украина историски германска територија како компензација. Поради некоја причина, Крим и беше даден на Украина и така дојде – потсети Путин. Тогаш Владимир Путин рече дека Украина никогаш немала своја вистинска државност.

– Сакам да го истакнам ова, украинските власти уште од првите чекори почнаа со негирање на сето она што стана основа на нејзината државност. Со негирање на се што не обединуваше. Се обидоа да ја променат свеста на граѓаните, историската меморија на милиони луѓе, цели генерации кои живеат во Украина. Украина никогаш ја немала својата вистинска државност, само го копирала моделот – рече тој.

Корупцијата во Украина ја уништи украинската државност, која ја искористија националистите во 2014 година со помош на Западот, рече Путин во своето речиси маратонско обраќање до нацијата. Зборувајќи за долгот што го имаше Советскиот Сојуз, Путин рече дека Русија сама го отплатила целиот долг, вклучително и украинскиот, иако е договорено сите републики да придонесат за отплата на долгот сразмерно на нивниот економски потенцијал.