Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Османи: Сеопфатен документ за барањата и позициите е гаранција дека Бугарија нема да има нови барања

„Наше е барањето да имаме сеопфатен документ со кој ќе се затвори прашањето со Бугарија еднаш-засекогаш. За да нема постојано појавување на нови барања и нови позиции, туку сите елементи важни за нас и елементите и барањата на Бугарија да се врзат на еден документ со меѓусебно и временски зависни елементи“ кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека ваквиот сеопфатен протокол не е поместување од нашата позиција, туку зацврстување на истата со гаранции дека нема да има нови барања од бугарската страна.

„Ние се движиме во рамките на државните позиции и изгласаната Резолуција во Собранието. Иако минатата година имавме потешкотии поради изборите и немањето влада во Бугарија, сепак не беше изгубена година. Се разјаснија позициите“ изјави Османи.

Министерот додаде дека доколку еден проблем можете да го напишете на хартија тогаш половина е решен и додаде дека доколку се дефинира проблемот со Бугарија, многу полесно може да се реши.

Можеби ќе ве интересира

Во Драгор пронајдено тело на маж

ДЕСК

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен-инвестиција во водната и енергетската иднина

ДЕСК

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК