16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: По признанијата во Титаник, пратениците Николоски, Јанушев, Мисајловски и Милошоски да поднесат оставки

Соопштение на СДСМ:

По признанието на високи партиски функционери во случајот Титаник оставки треба да поднесат сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството во тоа време.

Поточно, пратениците Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски и Игор Јанушев како блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле закони, се злоупотребувале пари на граѓаните, се вршело поткуп и други изборни нерегуларности.

Овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност заради достоинство на функцијата народен претставник, за да не ја злоупотребуваат позицијата и да го блокираат Собранието само за да се спасат од одговорност, но и да не се врши притисок врз независни судски органи.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ останува непроменето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски.

Спонзорирано: