23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: „Титаник“ е јасен, Мицкоски да не се крие туку да поднесе оставка со Милошоски, Јанушев и сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ:

Признанието на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Титаник“ е признание за криминал, признание дека ВМРО-ДПМНЕ ја газеше изборната волја на граѓаните и сите изборни процеси организирани од нив се нелегитимни.

Мицкоски е поранешен генерален секретар и советник на Никола Груевски, исто така обвинет во „Титаник“ а негови најблиски соработници и денеска се лица обвинети во судски предмети, како Антонијо Милошоски и Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски да не се крие зад празни партиски соопштенија, туку веднаш да си даде оставка.

Оставки треба да поднесат сите обвинети во предмети, како и цел ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: