26.8 C
Скопје
19. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита големиот христијански празник Велигден на сите сограѓани кои денес го празнуват Христовото воскресение.

„Христос Воскресе!
Честит и вековит нека ни е најголемиот христијански празник Велигден.
На сите сограѓани кои денес го празнувате Христовото воскресение ви посакувам семејна хармонија, здравје, среќа, благодостојба и духовен мир.
Велигден е празник кој ја симболизира победата на доброто над злото, но и празник на надежта кој постојано потсетува дека имаме сила и обвска да се бориме за вистинските вредности и дека сите носиме одговорност за подобра иднина и напредок.
Овие денови нека бидат денови на почеток на нашите заеднички победи, на светла иднина, на доброто, убавото и сѐ што е благородно и во користи и интерес на нашите деца и идните генерации.
Со мудрост, трпение и одлучност да истраеме пред искушенијата и да продолжиме да гледаме напред, за мир, хармонија и просперитет“, пишува министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во честитката по повод празникот Велигден.