10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Израел рекорден број на сериозни случаи од коронавирус

Израел регистрира рекорден број на сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки.

Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тежок ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година кога имало 1.185 такви пациенти.

Израелските болници се борат со пренатрупаноста, но во исто време, постојат знаци дека бранот од сојот омикрон во Израел се намалува.

Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава.

Омикрон сојот е поблаг од претходните соеви, но поради големиот број заразени има повеќе пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи.

Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.

Како светски лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на омикронот.

Бројот на луѓе во Израел кои починале како резултат на инфекција со коронавирус е 9.138 лица.

Спонзорирано: