10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Хрватска е прва во ЕУ по бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители

Хрватска во изминатите седум дена беше прва по бројот на починати од коронавирусот во земјите на ЕУ со 73 смртни случаи на милион жители, а по неа е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители, пишуваат хрватските медиуми.

Загрепскиот весник пишува дека тоа ги потврдува заблудите за помалата опасност од сојот на омикрон, како и дека минатонеделните податоци на Заводот за статистика даваат реална слика за тоа што направил коронавирусот во Хрватска во изминатите две години од епидемијата.

Институтот наведува дека од март 2020 година, кога започна пандемијата, до декември 2021 година, бројот на починати лица е зголемен за 16,9 отсто во однос на петгодишниот просек за тој период, односно починале 16.146 повеќе хрватски државјани.

Според податоците на Централниот завод за статистика, минатата година во Хрватска починале 31.724 мажи и 31.887 жени.

„Тоа значи дека, во споредба со годината пред епидемијата, починале 6.372 мажи и 5.445 жени, што е последица на пандемијата што трае повеќе од две години. Но, тие црни бројки можеле да бидат многу помалку фрустрирачки доколку граѓаните на Хрватска биле вакцинирани како граѓани на повеќето земји од ЕУ“, пишува „Јутарњи лист“.

Весникот додава дека бројот на починати во последните седум дена го потврдува тоа, па така, на пример, Холандија и покрај големиот број заразени не забележала смртни случаи поради Ковид-19, Германија имала 10 починати, Австрија која вовела задолжителна вакцинација, 11 смртни случаи, а Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаа околу дваесет смртни случаи на милион жители.

Спонзорирано: