23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски сенатори сакаат да му воведат санкции на Путин ако ја нападне Украина

Високи американски сенатори од редовите на Демократската партија претставија нов предлог-закон, кој предвидува санкции против рускиот претседател Владимир Путин доколку ја нападне Украина и финансиска помош за Киев.

Законот, со наслов Одбрана на суверенитетот на Украина, предвидува санкции против Путин, премиерот Михаил Мишустин, високи воени претставници и неколку руски субјекти во банкарскиот сектор во случај на инвазија и ескалација на непријателствата.

Исто така, предвидува 500 милиони долари дополнителна воена помош за Украина, повеќе од двојно повеќе отколку што администрацијата на Бајден му даде на Киев минатата година.

Ситуацијата во врска со Украина е напната во последните месеци. Европските сојузници на Вашингтон и Киев ја обвинуваат Русија за распоредување големи воени сили во близина на украинската граница во планирањето на инвазијата.

Во текстот исто така се повикуваат САД да ги разгледаат сите достапни и соодветни мерки за да се осигури дека нема да работи гасоводот „Северен тек 2“, кој се смета за инструмент за злонамерното влијание на Руската Федерација.

Нацрт-законот веќе има поддршка од 25 демократски сенатори, вклучувајќи го и нивниот лидер Чак Шумер и Белата куќа. Законот би бил тежок удар за руската економија, нагласи портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

Спонзорирано: