27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шолц: Крајот на пандемијата не е блиску

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека крајот на пандемијата на корона вирусот не е блиску и ги повика граѓаните што поскоро да се вакцинираат.

Во традиционалната новогодишна порака Шолц најмногу зборуваше за пандемијата, велејќи дека не дошол на власт во лесно време, пишува Дојче веле.

„Четвртиот бран на пандемијата трае, со ризик веднаш да прерасне во петти, пренесен од нов вид на коронавирус. „Пандемијата се вовлече во нашите коски, со сите оптоварувања и ограничувања што ги носи“, рече Шолц.

Тој се осврна и на кампањата за вакцинација, велејќи дека од средината на ноември се дадени 30 милиони дози вакцина, а планот е до крајот на јануари да се дадат уште толку.

„Искористете ја можноста да се вакцинирате спонтано и без закажување. „Ве молам, не го одложувајте за друг ден“, рече тој.

Тој ги повика вакцинираните да ја примат третата доза, наведувајќи дека таа треба да биде „побрза од вирусот“.

Тој им рече на скептиците дека нивните грижи се неосновани бидејќи во светот се вакцинирани речиси четири милијарди луѓе.

„Нема големи несакани ефекти. Безброј вакцинирани луѓе станаа родители на здрави деца. Придобивките од вакцинацијата се навистина големи“, рече Шолц.