14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Ни се заканува парализа“ – се бара ублажување на мерките за карантин во Италија

Здравствените експерти ја повикаа италијанската влада да ги олесни правилата за карантин бидејќи во спротивно земјата ја очекува парализа поради ширењето на омикрон.

Сегашните правила пропишуваат дека вакцинираните лица што биле во близок контакт со пациент со Ковид-19 мора да бидат во самоизолација седум дена, а невакцинираните 10 дена.

Нино Картабелота, шеф на здравствената фондација „Гимбе“, рече дека секое позитивно лице имало во просек од пет до 10 блиски контакти и предвиде дека во рок од две недели Ковид-19 може да влијае на речиси милион луѓе во Италија.

„Тоа би значело дека од пет до 10 милиони блиски контакти ќе завршат во карантин, што не е одржливо“, изјави Картабелота.

Вирологот Фабрицио Преглијаско се согласи со неговиот коментар. „Јасно е дека во оваа фаза и со ова проширување на варијантата омикрон треба да размислиме за промени во начинот на интервенирање, во спротивно се движиме кон целосен карантин.

Италија забележа рекордно зголемување на бројот на заразени на крајот на минатата недела. Три дена по ред имаше рекорден дневен број заболени, а кулминира во саботата кога беа евидентирани 54.762 нови случаја на Ковид-19.

За да го запре ширењето на заразата, како и одржувањето масовни собири, владата минатиот четврток ги заостри мерките, вклучително и забрана за сите јавни новогодишни прослави и ги затвори сите клубови и дискотеки до 31 јануари.

Некои политичари сметаат дека луѓето што се целосно вакцинирани не треба да одат во самоизолација доколку немаат симптоми на Ковид-19. Дополнително, постојат барања дека понатамошните мерки треба да важат само за оние што одбиваат да се вакцинираат.

„Доколку треба да се воведат некакви ограничувања, тие треба да бидат наметнати на оние што одбиваат да се вакцинираат“, рече поранешниот премиер Матео Ренци.

Владините податоци покажуваат дека во Италија 80 отсто од населението примиле една доза, а 29 отсто биле вакцинирани со третата доза, која исто така се смета за најдобра заштита од омикрон.

Спонзорирано: