17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Ограничувања и за Божиќ, Холандија ги продолжува старите и воведува нови ковид-мерки

Холандија ќе ги продолжи ограничувањата поради Ковид-19 за време на божиќните празници, што значи предвремено затворање на училиштата, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

„Брзото ширење на новиот сој омикрон, кој сочинува приближно еден процент од новите инфекции во земјата, е причина за загриженост и претпазливост“, рече Руте во изјава за холандската телевизија.

Основните училишта ќе се затворат една недела порано по препорака на експерти, бидејќи преваленцата на инфекции е сè уште најголема кај децата, со цел да се спречат тие да заразат постари членови од семејството за време на Божиќ и со тоа дополнително да ги оптоварат болниците кои се борат со се поголем број на пациенти.

Како што најави министерот за здравство Хуго де Јонге, дополнителна вакцина за подобрување на имунитетот против омикрон-сојот ќе им биде понудена на сите возрасни Холанѓани пред крајот на јануари.

Други мерки, се на сила од 28 ноември и вклучуваат затворање на ресторани, барови, неприоритетни продавници и други јавни објекти од 17 часот до 5 часот наутро, забрана за публика на спортски настани и совети да работат од дома.

Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 остана на највисоко ниво оваа година, а на болниците ширум земјата им беше наредено да ги одложат сите операции кои не се итни за да ги расчистат креветите во единиците за интензивна нега.