23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/Pixabay
СВЕТ

Изгаснат пожарот во Светскиот трговски центар во Хонгконг, најмалку 13 повредени

Голем пожар избувна денеска во Светскиот трговски центар во Хонгконг, а околу 300 луѓе останаа заробени на покривот.

Најмалку 13 лица се повредени во зградата која има дури 38 ката. Властите соопштија дека околу 1.250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лицата на покривот каде што избегале од огнот.

Властите соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од пожарот.

Еден од работниците кој работеше на реновирање на објектот истакна дека „внатре е како да си во лавиринт“.

Полицијата соопшти дека 60-годишна жена е хоспитализирана во полусвесна состојба бидејќи вдишувала чад, а уште две лица не се чувствуваат добро.

Пожарникарите користea специјални продолжени скали за да стигнат до пoвредените лица.

Според медиумите, пожарот избувнал во просторијата со осигурувачите.

Менаџерката на ресторанот на 12 кат опишала како успеала да побегне откако избувнал пожарот. Како што истакна таа, во моментот на пожарот служеле 80 оброци.

„Околу 12:45 часот (по локално време) забележавме како чад се спушта по скалите. Ги повикавме менаџерите, но не добивме одговор. Набрзо собравме клиенти, зедовме крпи и се евакуиравме“, објасни таа.