14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот суд одлучи дека Асанж може да биде екстрадиран во САД

Британскиот Апелационен суд денеска ја промени пресудата на понискиот суд и ја отвори вратата за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во САД.

Судот на тој начин ја прифати жалбата на САД, кои го товарат Асанж за неколку кривични дела, меѓу кои и обвинувања за шпионажа.

Окружниот суд на почетокот на годината го одби барањето на САД за екстрадиција на Асанж поради здравствени причини.

Против денешната пресуда на Апелациониот суд најверојатно ќе биде поднесена жалба.

Судијката на Окружниот суд, Ванеса Бертсер, претходно оваа година ја отфрли неговата екстрадиција, наведувајќи дека Асанж најверојатно ќе се убие доколку биде држен во строги затворски услови во САД.

САД се пожалија, оспорувајќи ја идејата дека менталното здравје на Асанж е премногу кревко, а адвокатот Џејмс Луис тогаш рече дека Асанж нема историја на сериозни и трајни ментални болести.

Американските власти ги информираа британските судии дека доколку се согласат да го екстрадираат Асанж, тој би можел да ја отслужи затворската казна изречена во САД во неговата родна Австралија.

Американските обвинители го обвинија Асанж за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер за објавување на илјадници воени и дипломатски документи.

Обвиненијата предвидуваат максимална казна од 175 години затвор, иако Луис рече дека најдолгата казна некогаш изречена за ова дело била 63 месеци.

Асанж долго време се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш.

Можеби ќе ве интересира

Саудијка осудена на 45 години затвор поради користење социјални мрежи

M T

Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на германскиот суд во Бон, а малку подалеку торзо

M T

На доставувачот на храна му испратил порака „Побрзајте со робата“ – Еве колкава казна доби

M T

Првиот случај на воени злосторства пред суд: Руски војник се соочува со доживотна казна затвор

M T

Асанж и неговата вереница денеска ќе се венчаат во затвор

M T

Судот ја усвои жалбата на Ѓоковиќ – српскиот тенисер ќе игра на АО

M T