14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Од компанијата „Фајзер“ со најава – Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон, па затоа наведуваат дека е потребна бустер доза, а водечките луѓе на „Фајзер“, како што пренесуваат медиумите во регионот изјавиле дека можеби ќе биде потребна четврта доза за одбрана од новиот сој омикрон.

Зголемената доза веројатно ќе помогне за поголема контрола на коронавирусот, иако две дози обезбедуваат одредена заштита од сериозниот тек при зараза со омикрон, покажале лабораториските тестови, објави Вашингтон пост.

Сепак, Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, рече дека четвртата доза може да биде потребна 12 месеци по третата доза.

Тој за американски медиуми изјавил дека периодот помеѓу дозите може да биде подолг а еден од водечките научници од „Фајзер“ неодамна изјавил дека четвртата доза, која ќе биде насочена кон омикрон, веројатно ќе биде неопходна.

Досега во САД се регистрирани 40 случаи на омикрон, а повеќето пациенти имаат благи симптоми на болеста.