14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц одби да земе 75.000 евра кои му следуваат од државата, ќе се вработи во приватен сектор

Поранешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата од пратеничкиот клуб, на која има право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на тие приходи.

Тој би имал право на 75 отсто од платата која е повисока од 15.000 евра бруто месечно, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб.

Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Сепак, Курц нема намера да поденесе барање за тие пари.

„Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да и служам на државата и да работам за народот“, изјавил тој.

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе има само кратка пауза поради новороденото бебе, а следната година, во првиот квартал, ќе се вработи во приватниот сектор.