Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Македонија ТОП ВЕСТИ

Нови 434 случаи на ковид, 12 починати – најмладиот на 46 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистриран e 421 оздравен пациент од: Скопје – 200, Битола – 33, Куманово – 22, Делчево – 21, Кавадарци и Велес – по 19, Охрид – 14, Прилеп – 13, Штип и Кочани – по 10, Берово и Гевгелија – по 9, Пробиштип – 6, Радовиш и Неготино – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Виница и Кичево – по 3, Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2, Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46г,65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 3.026 тестови преку: ИЈЗ-315, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-137, Биотек-170, Систина-72, лабораторија Лаор-97, Синлаб-13, Ремедика-11, Плодност–48, Генеа-2, Никоб лаб-325, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-39, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.243.

Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.